Почитувани, Факултетското Студентско собрание од Економски факултет Прилеп по повод 61 годишнина од основањето на факултетот, организира онлајн обука на темa ,,(Деловно) комуницирање со себеси & со светот“. Ве покануваме да учествувате на истата и да го надополните Вашето знаење. Предавач на обуката ќе биде Доц. д-р Рената Петревска Нечкоска & Тим од студенти соработници. Обуката ќе се одржи на ден 27.10.2021 во 11:00 час. https://meet.google.com/dpn-oenm-bpy На настанот ќе се обратат: Продекан за меѓународна соработка и развој проф. д-р Татјана Спасеска и Претседателот на ФСС Ѓорѓи Вељаноски. За да го пријавите Вашето учество, пополнете го прашалникот во прилог на оваа објава кадешто го имате и линкот од платформата за одржување на настанот. За комплетирана обука на сите учесници ќе бидат доделени електронски сертификати. Со почит, ФСС