Во рамките на проектот "HEI Student Internship in NGOs - towards a functional bridge across WB (HEIntern<>NGO)" односно „Практиканска работа на студенти во невладини организации“ во рамките на Web4Yes програмата (https://www.web4yes.eu/) се одржува пракса во Центарот за образовни и развојни иницијативи ИНОВА ЛАБ Битола, во координација на доц. д-р Моника Ангелоска Дичовска од Инова Лаб Битола, во соработка со мрежата и членовите на Western Balkans Alumni Association во координација на доц. д-р Рената Петревска Нечкоска. Целта на праксата е студентите односно практикантите да се стекнат со повеќа знаења за функционирањето на граѓанскиот сектор, да ги усовршат постоечките и да стекнат нови вештини, како комуникациски, организацики, тимски, презентациски, дигитални и други вештини кои ќе им помогнат во нивното натамошно функционирање и настапување на пазарот на трудот. Праксата е менторирана од двајца ментори од Македонија и двајца ментори од Албанија, и тоа подеднакво од академски и невладин сектор.
Проектот "HEI Student Internship in NGOs - towards a functional bridge across WB (HEIntern<>NGO) се имплементира од ИНОВА ЛАБ Битола во соработка со Inlsh Icla - ICLA Institute for Change and leadership Albania https://www.icla.co/contact-us/ and WBAA – Western Balkan Alumni Association https://www.western-balkans-alumni.eu/ во рамките на WeB4YES - Western Balkan Civil Society for Youth Employment Support финансирана од Европската Унија.
Праксата се одвива во период од Октомври 2019г. до Јуни 2020г. и опфаќа 6 практиканти. Истата е поделена на три периоди и во секој период се вклучени по два практиканти.
Ментори: Рената Петревска Нечковска, доцент на Економски факулет – Прилеп и раководител на истражувачкиот тим во WBAA, Елизабета Тошева, Претседател на НВО Инова Лаб Битола, Клаудја Кочи, претставник во националниот одбор на WBAA и активист во ППНЕА (видете точен назив) и Ентела Калеши исто позиција и организација.
Прв период: од Октомври до Декември 2019г.
➢ Емилија Героска,
Студент на Економски факултет – Прилеп
Волонтер во Инова Лаб Битола
➢ Филип Тасковски,
Студент на Економски факултет – Прилеп
Волонтер во Инова Лаб Битола
Втор период: од Јануари до Март 2020г.
➢ Христина Ѓелевска,
Студент на Економски факултет – Прилеп
Волонтер во Инова Лаб Битола
➢ Мартина Крстевска,
Студент на Економски факултет – Прилеп
Волонтер во Инова Лаб Битола
Трет период: од Април до Јуни 2020г.
➢ Габриела Аргиновска,
Студент на Економски факултет – Прилеп
Волонтер во Инова Лаб Битола
➢ Анастасија Дојчиновска,
Студент на Економски факултет – Прилеп
Волонтер во Инова Лаб Битола
Практикантите што го поминаа првиот дел се стекнаа со бројни вештини, а како поважни можат да се споменат организациските вештини стекнати за време на организирањето и спроведувањето на волотерските акции и настани, дигитални вештини стекнати за време на работењето на moodleплатформата, тестирањето на вебинари и изработката на промотивни видео-клипови од идеја до пост-продукција и дисеминација, виртуелната размена со соодветните платформи за работа во виртуелни тимови, како и нови знаења во насока на изготвување на разни извештаи потребни за работењето на организација. Исто така практикантите посетуваа и посетуваат многубројни обуки и тренинзи во Македонија и странство, тркалезни маси, саеми, промоции и други активности.
Дел од активностите во кои беа вклучени практикантите се следните:
➢ Подготовката на стратегиски план, во рамките на проектот “Од млади за млади”
➢ Учество на “Форум за наследување на семејни бизниси”
➢ Учество на саемот за волонтери – подготовка и претставување на организацијата
➢ Пишување и спроведување на проектот“Општествена одговорност – Згрижување на бездомни животни и рециклирање со волонтерската акција “Изградба на куќички за кучиња”
➢ Учество на тркалезната маса “Банка за храна - Македонија”
➢ Администрирање на содржини на fb страната Економисти Оптимисти
➢ Креирање на видеа за предностите од волонтирањето
➢ Тестирање на платформа за вебинари
➢ Одржување на YouTube канал
➢ Воспоставување на партнерства со странски организации
➢ Учество во национални и меѓународни обуки
➢ Учество во меѓународни размени
➢ Истражувања и подготовка на извештаи и многу други активности....
Проектот беше замислен да се посвети детално внимание и инструкции на определен број на студенти, кои би стекнале голем дијапазон на вештини. Со тоа, наместо бројност, целиме да постигнеме поголем ефект кај индивидуалните учесници - практиканти, кои во иднина своите знаења, компетенции и вештини би ги примениле и мултиплицирале во своите професионални кариери.