Topic outline

  •  
     
    • Почитувани, 

      Добредојдовте на порталот за мултидисциплинарна проектна соработка меѓу академијата и заедницата наречен "УКЛО ЗА ЗАЕДНИЦАТА". На ова место ќе ги поставуваме основните материјали и изработените меѓуфазни и финални документи и неопходните инструкции. Го отвораме овој портал за сите заинтересирани кои сакаат да соработуваме и/или да чекорат по овие стапки. Отворени сме да го споделиме сето научено.

      Се надеваме на успешна соработка и взаемен напредок.

      Со почит, 

      Даниела, Марјан, Рената

      и поширокиот тим на УКЛО за заедницата, опишан подолу и во документите и во сииииите настани што ги имаме!

  • 1
    Show only topic 1
     
    • Втора мултидисциплинарна проектна соработка со наслов:

      УКЛО ЗА ЗАЕДНИЦАТА:

      ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ АЛТЕРНАТИВИ ДО ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА И ПРИЛЕП

      Економски факултет Прилеп, Технички факултет Битола и ОУ Елпида Караманди Битола, ООУ Кире Гаврилоски - Јане Прилеп

      А. Општа цел на работата на групите: Адресирање на проблем на општествената заедница и генерирање на решенија и комплетна документација за проект за решавање на проблемот. Оспособување на сите вклучени страни (а особено студентите) за мултидисциплинарно анализирање и решавање на проблемите и градење на применливи знаења, вештини и компетенции (вклучувајќи и претприемништво и социјално претприемништво).

      Б. Проектот се реализира со примена на пристап за мултидисциплинарна проектна соработка на академијата и бизнисот: ‘MultiCreation approach’ од авторките: доц. д-р Моника Ангелоска Дичовска и доц. д-р Рената Петревска Нечкоска 

      В. Одговорни во проектот:

      Доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска (Економски Факултет Прилеп) renata.petrevska@eccfp.edu.mk - координатор

      Проф. д-р Марјан Ангелески (Економски Факултет Прилеп) marjan.angeleski@uklo.edu.mk 

      Вонр. проф. д-р Даниела Колтовска Нечовска (Технички Факултет Битола) daniela.koltovska@uklo.edu.mk 

      Соработници од основните училишта:

      м-р Татјана Дамчевска - Директор, ouekbt@gmail.com  (ОУ ,,Елпида Караманди“- Битола); м-р Илија Василевски - Помошник Директор, заменик директор, ilijavasilevski@gmail.com 

      Кети Стевананџија (ОУ Кире Гаврилоски - Јане Прилеп), директор, keti_stevanandzija@yahoo.com 

      Соработник од Western Balkans Alumni Association:

      Тамара Петреска, Western Balkans Alumni Association, државен претставник во управен одбор, tamarrah.petreska@gmail.com 

      Г. Директно вклучени студенти по предметите: Проектен менаџмент (Економски Факултет Прилеп) и Техники на управување на сообраќајот; Напредни технологии во управувањето со сообраќајот (Технички Факултет Битола)

      Поширок ранг на стехјкхолдери: студенти, професори, вработени во основни училишта, општини, родители, деца

      Д. Период на соработка на конкретниот проект: Летен семестар 2018/2019 година


  • 2
    Show only topic 2
     
    • Основни документи со инструкции за проектот и сите вклучени страни

    • Користете апликации за тимско работење кои овозможуваат сите да внесувате/едитирате и ажурирате податоци и материјали иако сте на различни локации и во различно време 

      (Google Docs; Google Forms; Google Sheets; Moodle; FB; ...)

      Следете агилни принципи на работа со брзи спринтови од 4-5 дена како итерација во која СЕКОЈ работи дел од задачите и потоа состанок на кој се информирате сите еден со друг, се надополнувате и доделувате натамошни задачи. 

      Комуникацијата со назначените одговорни лица  е во Вторник и Четврток на еМаил или телефон.


  • 3
    Show only topic 3
     

  • 4
    Show only topic 4
     
    • Консултативни средби меѓу основните училишта и професорите!

      Одржани од 11 - 12 Април 2019

      - ООУ Кире Гаврилоски Јане изработи Акционен план со активности со советот на ученици, советот на родители и во рамките на одделенската и предметната настава

      Прилог: Акционен план и Методичка единица

      - ОУ Елпида Караманди Битола изработи онлајн анкета за родителите и кадарот на училиштата која ќе биде спроведена на двете територии во Битола и Прилеп за да се добие што порелевантна информација и ставови на сите вклучени во сообраќајот и сообраќајниците околу училиштата. 

      Прилог: Онлајн анкета

      Фотографии: Не направивме, ама средбите беа со врвен квалитет од сите аспекти


  • 5
    Show only topic 5
     

  • 6
    Show only topic 6
  • 7
    Show only topic 7
     
    • Формирање на училишна сообраќајна единица - Дел од долгогодишни активности на основните училишта во соработка со СВР Битола и Општинскиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

      Битола, ОУ Елпида Караманди

      Сообраќајот и безбедноста во сообраќајот е тема која секое дете треба да ја совлада пред да порасне. Опасностите на патот се закана за сите нас. Додека, пред околу десетина години дечињата можеа да прошетаат по улиците без грижа, денес, поради се поголемиот број на автомобили, потребна е и поголема и засилена едукација.
      А децата учат брзо! Ги слушаат советите на своите родители и наставници, но и го следат и нивниот пример. Затоа, бидете позитивен пример за децата, заштитете ги и учите ги своите најмили на навики и култура во сообраќајот кои ќе ги чуваат цел живот од несакани и тешки последици во сообраќајот.

      Во соработка со Одделот за превенција на СВР Битола и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата формирани се повеќе училишни сообраќајни единици од основните училишта во Битола.

      https://www.facebook.com/osbsp.bitola.7

      Училишната сообраќајна единица од ОУ “Елпида Караманди” – Битола ја сочинуваат шест ученици, кои се дел од големата училишна сообраќајна единица со ОУ Климент Охридски Битола и ОУ Стив Наумов Битола, кои редовно учествуваат во сите предавања и настани организирани од страна на СВР Битола и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со цел унапредување на сообраќајната култура и превентивно делување кај децата како учесници во сообраќајот.
      Членовите на училишната сообраќајна единица сите реализирани активности соодветно ги пренесуваат на своите соученици преку реализирани презентации, делење на едукативни печатени материјали итн. На ваков начин се надеваме дека и ние како и организаторите на овие активности ќе ја подигнеме свеста кај учениците и сите вклучени за правилно и безбедно учество во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура.

      Напомена: Овие фотографии се извадоци од различните активности кои се одвиваат во текот на целата година, а во кои учествува и училиштето Елпида Караманди, во координација на д-р Јасмина Буневска Талевска како претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Им благодариме за согласноста да го искористиме материјалот како пример за континуирани мултимодални вложувања во едукација и унапредување на свесноста на учениците и на ОУ Елпида Караманди Битола. Одделот за превенција на СВР Битола под водство на началник м-р Сашо Гилевски е фундаменталната поддршка која го овозможува текот на активностите за добробит на граѓаните низ целата година, со што ефектите се неизоставни, како во поглед на ангажман, вложена енергија, комплетност и целосна поддршка. 

      Се надеваме дека нашиот проект ќе успее да воспостави соработка со ОСБСП и Одделот за превенција во СВР Битола, за да ги мултиплицираме позитивностите на уште повисоко ниво.


  • 8
    Show only topic 8
     

  • 9
    Show only topic 9
     
    • Ментори со искуство

      Од претходниот проект веќе има наши колеги и колешки кои учествуваат и во овој. 

      Но, има и такви кои би сакале да учествуваат како ментор(к)и, советници на тимовите, иако не се на некој од предметите.

      Благодариме и ве покануваме да го искористите нивното мислење, искуство и совет! А ние им дадовме инструкција секако да ве контактираат и прашуваат, така што секако ќе имате контакт и соработка. 

      Мери Гроздановска  (сега Бакрески ;) meri_grozdanovska97@hotmail.com

      Сара Малаковска


  • 10
    Show only topic 10
  • 11
    Show only topic 11
     

  • 12
    Show only topic 12
     
    • Подрачје

      на

      опфат

      БИТОЛА

      Подрачје

      на

      опфат 

      ПРИЛЕП

    • Анкета за собирање на мислења за проблеми и идеи од родители, вработени, соседство - Битола и Прилеп

      Пропратен текст за споделување на анкетата на социјални мрежи, по еМаил и сл.

      Почитувани родители и вработени во нашето училиште Елпида Караманди Битола/Кире Гаврилоски Јане Прилеп, и жители во регионот на училиштето,  
      Ве покануваме да споделите размислувања и да придонесете во проектот УКЛО за заедницата! 
      Сакаме да ја унапредиме пристапноста и безбедноста во сообраќајот во регионот на училиштето. Вие се наоѓате во различни улоги како пешаци, велосипедисти и возачи на најмилите. Ве молиме, од една страна да не информирате за воочени проблеми, а од друга страна да понудите размислувања и решенија. 
      Проектот УКЛО за заедницата, во кој студентите и професорите од Технички факултет Битола и Економски факултет Прилеп соработуваат за да понудат проектни, технички издржани решенија за овие секојдневни предизвици, е замислен да ги вклучи сите засегнати страни - ученици, родители, вработени, наставен кадар и служби, соседство, општини, институции ... бидејќи реалноста е комплексна и потребно е прифаќање и поддршка од сите. 
      Повелете линк до анкетата, го очекуваме вашиот придонес во оваа фаза. 
      Однапред благодарни - УКЛО Битола - Економски Факултет Прилеп, Технички Факултет Битола, ОУ Елпида Караманди Битола, ОУ Кире Гаврилоски Јане Прилеп, Western Balkans Alumni Association 

      p.s. Свечена покана да ни се приклучат особено и родителите кои работат во институции за безбедност во сообраќајот, општински органи за оваа област, за уште постручно видување на работите


    • https://forms.gle/9KFywB3LCFYG7hJB7

    • .

    • https://forms.gle/7TmFz7jREkLPg53B8

    • Напомена: Податоците од анкетите се анонимизирани, контактите што беа оставени се задржани од одговорните во проектот.


  • 13
    Show only topic 13
     
    • ОУ Елпида Караманди Битола

      ИЗРАБОТКА НА ЕДУКАТИВНИ ВИДЕО КЛИПОВИ

      Отворена покана за сите дечиња. Отворена покана за сите возрасни со различни профили и професии што би сакале да се вклучат, а и родители.

      Принцип на инклузивност: мултилингвална, мултинационална, мултирелигиска, мулти-тематска.

      Екипа за координација на сценаријата и аматерското снимање (со мобилен) составена од: родители, одделенски наставници, предметни наставници, кадар на училиштето, МВР

      Термини:

      Координативен состанок: 2ри Мај во 17.15 часот во ИКТ просторијата на ОУ Елпида Караманди Битола - мозочни бури и конципирање на улоги и сценарија

      Во меѓувреме секој си го работи своето, а комуницираме по потреба, мултимодално.

      Снимање на терен: или неделата кога доаѓа Папата во Македонија или таа од 20-ти до 22-ри Мај.


    • Состанокот на работната група остварен како што беше планирано.

      Конструктивна атмосфера, претставници од сите профили, па и убава дружба! Голема благодарност до вклучените.

      Избрани ТЕМИ И ТИМОВИ за изработка на сценарија:

      • Едно возило те пушта да поминеш на пешачки, друго не - важна опасност да се научат децата - МАЈА и АЛЕКСАНДАР
      • Остарев дури да ја преминиме улицата - ГОРДАНА и ИГОР
      • Пешак со слушалки, мобилен, игри на телефон, неконцентриран - ИЛИЈА, РЕНАТА, ЛИДИЈА
      • Возила во рикверц, деца играат куку, опасност оти се мали - ИГОР и СНЕЖАНА
      • Преминување преку улица во три варијанти - има обележан пешачки и семафори, има само пешачки, нема ништо, Македонска и Германска приказна - БИЛЈАНА и РЕНАТА

      Тимовите се со потенцијал за проширување со нови заинтересирани наставници, родители, вработени да се вклучат.

      Пилот концепт, во наредните 10тина дена вклучително со снимање.

      Комуникацијата продолжува меѓу тимовите, а и во заедничкиот разговор на ФБ. 

    • КОНЦЕПТ НА ЕДУКАТИВНО ВИДЕО

      Почитувани, го изработивме пробното едукативно видео за да се види концептот, елементите, улогите, сценариото, квалитетот на сликата и слично. По овој терк може да се мултиплицираат уште неколку. Што треба сега, секој тим колку што може да го обработи избраниот проблем, по теркот на сценарио што го приложуваме тука, и да си осмисли како тоа би изгледало во вакво видео. Транзициите, реквизитите, се е предмет на преработка и изработка зависно од креативноста. Имаме професионална монтажа (Илија Пајмакоски) кој волонтерски ќе снима на определен ден со добра камера и ќе монтира, со тоа што во иднина се надеваме ќе соработуваме во поголема мера.

      Секое видео треба да ги има компонентите: наслов, конкретно симулирање на проблемот со деца, мал дијалог за поука, обработка на истото преку макета со реквизити и крајна порака заклучок од една реченица. Во рамките на тоа, да бидеме креативни, оригинални и едукативни.

      Слободно коментирајте за концептот, особено критики, за да го направиме најубав  

      Поздрав и голема благодарност до пилот учесниците - сите што помогнаа во снимањето. Децата многу брзо и лесно научија и се прекрасни.

    • КОНЦЕПТ НА СЦЕНАРИО

      • Учесници и улоги
      • Сцена
      • Цел, поента
      • Реквизити
      • Текст
      • Нарација
      • Форма на квиз за на крај да се процени исправно/неисправно
      • Музичко кратко интро
      • Натписи изработени од децата како наслов на видеото

    • ПИЛОТ ВИДЕО ЗА УВИД ВО СТРУКТУРАТА И КОМПОНЕНТИТЕ

    • Едукативно видео - Однесување на пешаците во секоја држава - на германски јазик


  • 14
    Show only topic 14
     
    • Повик за студентите од УКЛО:

      Економски Факултет Прилеп и Технички Факултет Битола -

      1. Водители на финалниот настан и

      2. Волонтери за логистички менаџмент ;)

      3. Уметничко учество

      Почитувани студенти,

      Би сакале во круната на овој проект да ги вметнеме и вашите паметни глави. Тоа значи на финалниот настан кој ќе биде свечен, скоро целодневен и со широка публика од сите стејкхолдери, ќе треба да се здружите, најмалку двајца (а може и повеќемина), ќе направиме сценарио а вие ќе го модерирате настанот. Ораторите, тие што пишувавте говори, есеи, писма (си знаете кои сте), специјална покана на тие што учествуваа во проектот во минатиот семестар ... повелете пријавете се. Краен рок 5-ти Мај! Консултации во меѓувреме, на Емаил (renata.petrevska@eccfp.edu.mk или на тел. 071379570) а со пријавените се гледаме во вторник на 7-ми Мај во канцеларија. Истото важи и за логистика - смислување на агендата, постери, презентации, изработки, координирање на соработниците и сл. Ако има некој што би можел да изработува уметнички цртежи од настанот, или специјално видување низ фотографии, го покануваме исто така, тоа би било awesome! Сите вклучени ќе добијат соодветна потврда за своето учество во проектот. Најверојатен датум на одржување на настанот - 8-ми Јуни.

      Нетрпеливо ве очекуваме да се охрабрите!

      (Кликнете една или двете опции во овај Poll)

      п.с. Не може да се пријавуваат тие што се директно носители на проектот овој семестар, веќе имате голема улога


    • Благодариме на пријавените, среќни сме што ве има во толкав број. Консултации за улогите и одговорностите во Петок, на 10ти Мај во канцеларијата кај проф. Рената во 10 часот. Ќе трае најмногу 30 минути.

    • После консултациите за водители, одлучено е финаниот настан да го водат Мартин, Евгенија и Сибела! 


  • 15
    Show only topic 15
     
    • КОНСУЛТАЦИИ НА ТИМОВИТЕ СО ПРОФЕСОРИТЕ - задолжителни!:

      7 МАЈ, ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА (Лабораторија за сообраќај и транспорт)

      Важна напомена: Тие студенти што се во Битола, да дојдат во живо, тие што се во друг град да пратат Skype/Viber/FB адреса за да ги вклучиме (задолжително) и нив виртуелно, во терминот кога е соодветниот тим. (Skype: renata.petrevskanechkoska@ugent.be, Viber: 071379570, FB: renata.pn)

      - Екипите да си смислат ИМЕ

      Термин 

      Студенти/Насока

      Град

      Контакт

      9.00-9.15

      BT-PP-OH

      Бојана Маркоска СТИ 8124

      Прилеп

      bojana.markoska@hotmail.com

      Илина Маркоска СТИ 8123

      Прилеп

      markoskai@hotmail.com 

      Кристина Новачевска СТИ 8139

      Битола

      kristina_ace@hotmail.com 

      Александар Печалев СТИ 8142

      Битола

      apecalev@gmail.com 

      Ангеловска Сања

      Охрид

      sanja_angeloska1@outlook.com

      Христовска Евгенија

      Битола

      evgenuso-97@live.com

      9.15-9.30

      ЛИДЕРКИ

      Ангела Совреска СТИ 8183

      Битола

      annnz23@yahoo.com 

      Горица Руменовска СТИ 8203

      gorica_98@hotmail.com 

      Ивона Дукоска СТИ 8226

      Прилеп

      gorica_98@hotmail.com 

      Моника Балуловска СТИ 8211

      Битола

      mbaulovska@gmail.com

      Анѓела Атанасовска 

      Битола

      ane_atanasovska@live.com

      Анастасија Христоска                                      Прилеп

      9.30-9.45

      KIDS'

      SAFETY

      SOLUTION

      Николина Стефкоска СТИ 8135

      Лидија Волческа СТИ 8150

      Општина Прилеп 

      lide.volceska@yahoo.com

      Елеонора Ѓорѓиоска СТИ 8148

      Бојан Неделкоски СТИ 8152

      Општина Прилеп

      bojan.indnedelkoski@gmail.com 

      Кондоска Ангела

      Прилеп

      angelakondoska.mkd@gmail.com

      9.45-10.00

      УКЛО

      ТИМ

      Дарко Соколовски СТИ 8127

      Битола

      darko.sokolovski.11@live.com 

      Петар Николоски СТИ 8137

      Охрид

      ohridpetar@gmail.com 

      Менде Стојкоски СТИ 8122

      Општина Прилеп

      mende_stojkoski@yahoo.com 

      Христијан Шикалоски СТИ 8136

      Охрид

      shikaloskikiko@gmail.com 

      Богојевски Бојан

      Кичево

      bojan.bogojevski@yahoo.com

      Дарко, Петар, Менде, Христијан и Бојан,

      Добивте и нови членови ;)

      Емилија Ристевска

      Битола

      Emilija.ristevska9@hotmail.com

      Ана Митревска 

      Битола

      anamitrevska97@gmail.com

      Ве молиме поврзете се

      и порамнете се

      во најскоро можно време

      10.00-10.15

      БЕЗБЕДНА

      ИДНИНА

      Стефан Божиновски СТИ 8130

      Ресен 

      stefani.971@outlook.com 

      Христина Атанасоска СТИ 8129

      Прилеп

      hristinaatanasoska@yahoo.com 

      Тамара Шикалоска СТИ 8119

      Охрид

      tsikaloska@icloud.com 

      Марија Стојаноска СТИ 8187

      Прилеп

      marija_stojanoska123@hotmail.com 

      Христијан Кузески

      Охрид

      Евгенија Наумовска 

      Битола

      evgenijanaumovska@yahoo.com 

      10.15-10-30

      SAFETY FORCE

      Дарио Марковски СТИ 8202

      Александар Аврамовски СТИ 8184

      Христијан Мирчески СТИ 8230

      Филип Солаковски СТИ 8212

      Маја Малаковска 

      Битола

      malakovska_maja@hotmail.com

      Ивана Секулоска 

      Охрид

      ivana.sekuloska@yahoo.com

      10.30-10.45

      KARANGELEVSKI

      CALLING

      Тони Христоски СТИ 8186

      Охрид

      Стефан Бранковиќ СТИ 8197

      stefan.brankovikj98@gmail.com 

      Никола Зарков СТИ 8191

      Д.Капија

      zarkovn@yahoo.com 

      Родне Василевска СТТ

      rodne.vasileva@hotmail.com 

      Емилија Стојаноска СТИ 8192

    • Овие распореди во групите се официјални. Доколку во меѓувреме сте разместени, а распоредот не го отсликува тоа, ве молам реагирајте. 

      renata.petrevska@eccfp.edu.mk

      Консултациите поминаа многу добро, сите тимови се екипираа, кој во живо, кој на Viber, Skype, мобилен - интересно беше. Отсликување на виртуелни тимови, како што впрочем и ќе биде во иднина. 

    • Компоненти за изработка на проектниот план и соодветно диференцирање меѓу тимовите


    • Начин на соработка на проектниот план - Google Docs

      Сите тимови да си отворат по еден документ на Google Docs, со следната содржина. Да го направат затворен за јавноста, но да го споделат линкот со членовите во групата и со професорите. 

      Цело време треба да се работи во документот за да секој има увид, а понекогаш да може и да ве советуваме нешто директно во коментар. 

      https://docs.google.com/document/d/190ppWDZrSIWzvxQD2y8onqVx6aZsOVe7FF5dpJj51cw/edit?usp=sharing

    • Презентирање на финален настан

      Секој тим ќе треба да испрезентира што е сработено на финалниот настан. Допрва треба да одлучиме дали ќе ви посочиме кој сегмент да го презентирате за да публиката добие целина од заедничката работа соодветно за Битола и за Прилеп. Ќе бидете навремено известени што ќе треба да се испрезентира. 


  • 16
    Show only topic 16
     
    • НЕШТО СПЕЦИЈАЛНО - ХОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО ЕЛПИДА КАРАМАНДИ и група родители, наставници, вработени ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ НАСЛОВНАТА МУЗИЧКА НУМЕРА НА ПРОЕКТОТ

      Откриваме мала тајна како би изгледал текстот:

    • И уште позабавна верзија


  • 17
    Show only topic 17
     
    • НАУЧНА ПУБЛИКАЦИЈА ЗА "MULTICREATION" - ПРЕЗЕНТИРАНА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО МАРИБОР

      Чест ни е да потврдиме уште едно успешно учество, овојпат на конференцијата 'Методи на учење за економија и бизнис' (‘Teaching methods for economics and business sciences’) на Универзитетот во Марибор, Словенија каде го презентиравме иновативниот пристап 'MultiCreation' како патоказ за воспоставување мултидисциплинарна, мулти-стејкхолдер проектна соработка меѓу Академијата, Бизнисот, Институциите и Студентите. 
      Генезата на 'MultiCreation' започна со проектот со InterWorks, продолжи и се унапреди со проектот 'УКЛО за заедницата' а наредната академска година - нешто уште подобро, интересно и корисно!
      (Трудот ќе биде достапен на јавноста наскоро  )
      Monika Angeloska-Dichovska Renata PN Interworks Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола


  • 18
    Show only topic 18
     

    •     КОНЕЧНА ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ ПО ТИМОВИ


  • 19
    Show only topic 19
     
    • ООУ Кире Гаврилоски Јане Прилеп ги изработи пораките до учесниците во сообраќајот на креативен и убав начин!


  • 20
    Show only topic 20
     
    • Активност на учениците од Информатичка секција од ОУ Кире Гаврилоски Јане -Клуб за МИКРО БИТ-

      Мерење на забрзувањето на автомобилот со примена на микро бит

      Тема :Сообраќај

      Цел:Предупредување на возачот за намалување на брзината кога се приближува до училиштето. 

      Учениците од Информатичката секција применувајќи го Микро битот како алатка од проектот ,,Училишта на 21-ви век”, изработија проект со примена на два микро бита, со зададени задолженија да се измери, осносно со која брзина треба да се движи возачот во близина на училиштето.

      Се употребија два микро бита, од кој едниот беше поставен во автомобилот и ја мери брзината на автомобилот, а другиот микро бит е статичен пред влезот на училиштето. Микро битот во автомобилот кој е во движење кога се приближува до влезот на училиштето, на нивно блиско растојание му испраќа сигнал на статичниот микро бит со која брзина се движи автомобилот.

      Микро битот кој е во автомобилот го известува возачот со звучен сигнал, доколку брзината е поголема од дозволената и го предупредува да ја намали брзината.

    • Мерење на протокот на автомобили во периодот од 12:20 до 12:50 часот на двата влеза на училиштето 

      Тема :Сообраќај

      Цел: Да се види колку автомобили поминуваат пред двата влеза на училиштето во периодот од 12:20 до 12:50 часот, период кога учениците заминуваат од прва смена и доаѓаат од втора смена.

       Учениците од Информатичката секција применувајќи го Микро битот како алатка од проектот ,,Училишта на 21-ви век”, изработија проект со примена на микро бит, кој ќе брои колку автомобили поминуваат пред двата влеза на училиштето во двата правци.

      За секој поминат автомобил се притиснува копчето А со што се бројат автомобилите кои поминуваат. За овој период се констатира дека на главниот влез поминале 222 автомобили, додека на задниот влез од училиштето 110 автомобили. 

      Како заклучок од оваа активност може да се констатира дека голема е бројката на автомобилите кои се движат во овој период што го потврдува фактот дека безбедносните мерки треба да се подигнат на повисоко ниво.


  • 21
    Show only topic 21
     
    • ООУ Кире Гаврилоски Јане директно ја спроведува пораката на учениците до другите учесници во сообраќајот - Секој ден да ни е безбеден!

    • Цел:Да се допре до свеста на возачите, да не ги паркираат своите возила на тротоарите околу училиштето, за безбедно движење на учениците.

      На тема сообраќај по Техничко образование, учениците од шесто одделение се запознаа со сообраќајната култура. Од нивниот одговорен пристап кон темата произлегоја и нивните идеи, сугестии поврзани со нивната лична  сообраќајна безбедност  околу училиштето, што сметаа дека и тие како ученици може да делуваат во истото.

      Учениците сакаа дирекно да му укажат на учесниците во сообраќајот дека им смета паркирањето на возилата на тротоарите покрај училиштето. На нивни предлог беа напишани пораките кои заедно со нивниот наставник по Техничко образование ги поставија по целата училишна ограда. 

      Во текот на поставувањето на плакетите се забележа заинтересираност на минувачите, кои позитивно се изјаснија за нашата активност. 

      Следниот ден бевме пријатно изненадени кога забележавме намалување на бројот на паркирани автомобили на тротоарите, со тоа се надеваме дека во иднина целта во целост ќе биде остварена. 


  • 22
    Show only topic 22
     
    • Учениците од ОУ Елпида Караманди Битола напишаа ПИСМО ДО НЕПОЗНАТО ДРУГАРЧЕ од ОУ Кире Гаврилоски Јане Прилеп 

      Со прекрасни мисли, цртежи и надеж за вистинско пријателство!

      Се надеваме ќе им успее  <3


  • 23
    Show only topic 23
     
    • SAVE THE DATE - 8-ми Јуни, финален настан!

    • ФИНАЛЕН НАСТАН

      ​Почитувани,
      Ни претставува особена чест да ве поканиме на финалниот настан на проектот УКЛО за заедницата​ што претставува мултидисциплинарна проектна соработка на Економскиот Факултет Прилеп​ и Техничкиот Факултет Битола со широк ранг на стејкхолдери, во текот на изминатиов семестар од академската 2018/2019 година. 
      Фокусот на проектот беше проектен менаџмент и унапредување на сообраќајните алтернативи во основните училишта Елпида Караманди во Битола и Кире Гаврилоски-Јане во Прилеп, а текот на активностите и ефектите беше според пристапот "MultiCreation", дизајниран од професори на Економскиот Факултет Прилеп.​ 
      Агендата (во прилог) ја заокружуваме со обука за претприемништво и социјално претприемништво со експертите од Consulting Balkan. Проектот е реализиран во соработка со Western Balkans Alumni Association, асоцијација поддржана од Directorate General for Education, Youth, Sport and Culture на Европската Комисија. 
      Со ова крунисуваме академска година во која студентите на двата факултети на УКЛО, водени и координирани од своите професори соработуваа, креираа, учеа и придонесуваа за бизнисите и заедницата на иновативен, но и потврдено ефективен начин во кој сите заедно создаваме нова вредност кон подобро. 
      Настанот се случува во Економскиот Факултет Прилеп, на 8ми Јуни (Сабота) 2019 година, со почеток во 8.30 часот. 
      Повеќе детали за сите активности во проектот можете да најдете на следниот портал:
      Благодариме на соработката и ве очекуваме!
      Со почит
      Тимот на УКЛО за заедницата
    • Само мал увид во она што го сработија студентите, а го врачивме на менаџментот на училиштата, кои, се надеваме во соработка со општините и соодветните институции, ќе го реализираат на соодветен, за нив одговарачки начин!

      - комплетни проектни планови за двете училишта со технички сообраќајни алтернативи за унапредување на пристапноста и безбедноста до основните училишта


  • 24
    Show only topic 24
     
    • ОД СОЦИЈАЛНИТЕ И МАСОВНИТЕ МЕДИУМИ

      Western Balkans Alumni Association official FB page:

      Економски Факултет Прилеп, Технички Факултет Битола, Универзитет Св. Климент Охридски Битола ФБ страни

      ОУ Елпида Караманди Битола и ООУ Кире Гаврилоски Јане Прилеп објави


  • 25
    Show only topic 25
     
    • Пост-имплементациска активност

      Почитувани, од исклучителна важност ни е вашето искуство низ проектот, позитивности, работи да се унапредат, додадена вредност. 

      Ве молиме пополнете го прашалникот сите вклучени студенти, и секој кој сака од стејкхолдерите

      Ни претставуваше задоволство и соработката и ефектите од неа!

      https://forms.gle/umBGDomAwKnYnnGw9


  • 26
    Show only topic 26
     

  • 27
    Show only topic 27
     
    • Со оглед на волонтерскиот пристап во проектот, и несебичното учество и придонес на сите вклучени, искажуваме неизмерна благодарност и почит!

      1

      Бојана Маркоска

      2

      Илина Маркоска 

      3

      Александар Печалев

      4

      Ангеловска Сања

      5

      Христовска Евгенија

      6

      Ангела Совреска

      7

      Анастасија Христоска

      8

      Ивона Дукоска

      9

      Анѓела Атанасовска

      10

      Лидија Волческа 

      11

      Кондоска Ангела

      12

      Дарко Соколовски 

      13

      Петар Николоски 

      14

      Менде Стојкоски 

      15

      Христијан Шикалоски 

      16

      Богојевски Бојан

      17

      Емилија Ристевска

      18

      Ана Митревска

      19

      Стефан Божиновски 

      20

      Христина Атанасоска 

      21

      Тамара Шикалоска 

      22

      Марија Стојаноска 

      23

      Христијан Кузески

      24

      Евгенија Наумовска

      25

      Дарко Марковски 

      26

      Христијан Мирчески 

      27

      Филип Солаковски 

      28

      Ивана Секулоска

      29

      Тони Христоски 

      30

      Стефан Бранковиќ 

      31

      Никола Зарков

      32

      Родне Василевска

      33

      Емилија Стојаноска

      34

      Маја Малаковска

      35

      Татјана Дамчевска 

      36

      Кети Стевананџија 

      37

      Илија Василевски

      38

      Снежана Коцевска

      40

      Симона Танеска

      41

      Петар Андоноски

      42

      Ирена Адамческа

      43

      Катерина Бакарова

      44

      Даниела Јорданоска

      45

      Гоце Димески

      46

      Благојче Илијоски

      47

      Јулијана Димеска

      48

      Сања К. Момироска

      49

      Виктор Ристески

      50

      Билјана Китановска

      51

      Билјана Митковска

      52

      Драган Микаровски

      53

      Елена Аспровска Божиновска

      54

      Гордана Угриновска

      55

      Лидија Атанасовска

      56

      Магдалена Огненовска ПопАндреева

      57

      Маја Јанакиевска

      58

      Михајло Ставрески

      59

      Сашко Гошевски

      60

      Симона Жарков

      61

      Славица Маркоска

      62

      Игор Стојанов

      63

      Сузана Л. Петковски

      64

      Сузана Стојчевска

      68

      Тамара Петреска

      69

      Оливера Костоска

      70

      Владимир Петровски

      72

      Ивана Сурлаџиоска

      73

      Теодора Величковиќ

      74

      Александра Мургоска

      75

      Johannes Wouters

      76

      Сашо Гилевски

      77

      Јасмина Буневска-Талевска

      78

      Ноела Нечкоска

      79

      Стојанче Нусев

      80

      Мимоза Богдановска Јовановска

      81

      Драгица Оџаклиеска

      82

      Татјана Спасеска

      83

      Димитар Ристески

      84

      Димитар Николоски

      85

      Маргарита Јанеска

      87

      Мартин Трајковски

      88

      Катерина Ристеска

      89

      Елизабета Атанасоска

      90

      Виолета Глигороски

      91

      Иван Пајмаковски

      92

      Маја Мицевска

      93

      ОУ Елпида Караманди Битола

      94

      ООУ Кире Гаврилоски Јане Прилеп

      95

      Општина Битола

      96

      Општина Прилеп

      97

      Технички Факултет Битола

      98

      Економски Факултет Прилеп

      99

      Сандра Мојсоска

      100

      Сања Стефанова

      101

      Александар Давков

      102

      Филип Мерковски

      103

      Јасмина Танчевска

      104

      Мери Наумовска

      105

      Елена Трајковска

      106

      Дијана Станковска

      107

      Горица Руменовска

      108

      Ивана Китановска

      109

      Марија Цветковска

      110

      Ленче Неделковска

      111

      Емилија Н. Спировски

      112

      Весна Зероска

      113

      Анета Ристеска Јанкулоска

      114

      Елизабета Тошева

      115

      Мими Гаврилоска

      116

      Бобан Јаковлевски

      117

      Гоце Маркоски

      118

      Дечињата од основните училишта

      119

      Поддршката од УКЛО

      120

      Western Balkans Alumni Association

      121

      Boulevard Kafemati - Кафемат (на средина) на ЕФП 

      122

      Ве молиме реагирајте ако сме ве изоставиле!


    • ... IN PROGRESS ... STILL WORKING ... СЕ УШТЕ РАБОТИМЕ ...


  • 28
    Show only topic 28
  • 29
    Show only topic 29
     

  • 30
    Show only topic 30
     

Skip Navigation

Navigation

Skip Settings

Settings