Почитувани,
Добредојдовте на порталот за мултидисциплинарна проектна соработка меѓу бизнис и академија. На ова место ќе ги поставуваме основните материјали и изработените меѓуфазни и финални документи и неопходните инструкции.
Се надеваме на успешна соработка и взаемен напредок.
Со почит,
Моника и Рената
Проект: ДЕЛОВНА АНАЛИЗА И ИНОВАТИВНИ СТРАТЕГИИ И ТАКТИКИ ЗА РАЗВОЈ
помеѓу Економски факултет Прилеп www.eccfp.edu.mk и InterWorks Битола www.interworks.com.mk
Општата цел на работата на групите: Деловна анализа и креирање на модел за развој на креативна клима за споделување на идеи и знаења (стратегиски и тактички аспекти)
Одговорни во проектот:
Доц. д-р Моника Ангелоска-Дичовска и доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска (Економски Факултет Прилеп) monika.angeloska@uklo.edu.mk ; renata.petrevska@eccfp.edu.mk
Јасмина Антиќ-Атанасовски – Менаџер за човечки ресурси jasmina.antikj@interworks.com.mk, Елена Огненовска (InterWorks Битола) elena.ognenovska@interworks.com.mk
Директно вклучени студенти по предметите: Бизнис планирање, Управување со промени, Иновациски менаџмент и Деловно комуницирање
Период на соработка на конкретниот проект: Зимски семестар учебна 2018/2019 година
Motivation at its finest!
"Денеска сосема го изградив моето убаво мислење за Економскиот Факултет Прилеп - благодарение на овие прекрасни професорки кои што докажаа дека не е до системот, во системите луѓето живеат, но во нив некои нешто создаваат некои рушат. Но ова се луѓето кои прават промени во системите, благодарам, комплименти за вас - фантастични бевте.
За вас - студентите што работевте во проектот - брилијантни бевте, за прв пат седев како ученик после 50 години од мојот живот и слушав нешто од кое стварно можев многу што да научам. Ми помогнавте да ја вратам вербата во нешто што ќе биде моја пасија, што се надевам ќе можам да го правам за една година и нешто, кога планирам да се пензионирам. Да работам со младите луѓе, да ја враќам вербата. Онаму каде што вие сте тргнале - немојте ништо да ве поколеба во вашата верба. Баталете го она 'знаеме од каде доаѓаме, опкружување, ... сите пречки', тоа е само excuse. Тука сме, па и да не бегаме надвор. Ќе пробам во мојата компанија да вратам она што ми го дадовте денес па и да отворам простор за нови профили во ИТ компанија како економисти, консултанти, но без оглед каде ќе работите, дајте се од себе, изградете си ја Македонија, ќе си направите многу убава земја. Прекрасни бевте, многу ви благодарам на сите."
Александар Поп Ристов, founder, managing partner, Interworks Битола
"Многу ви благодарам за сето тоа што го покажавте денеска - останете такви секогаш. Секој регрутер сака да слушне што сте правеле, што можете. Имавте еден Монт Еверест да искачите - ИнтерВоркс е специјален избор за ваков проект и вие успеавте да допрете до оној кој ја основал и води компанијата. Ние понесуваме вредност. Оваа соработка со Економскиот факултет Прилеп, со професорките, со вас и со нас не беше залудна - го слушнавме и видовме InterWorks од еден сосема поинаков агол. За сите оние предлози, критики, забелешки и идеи што ги имаше ви благодарам многу. Ние сме компанија која сака да го слушне тоа, за да напредуваме. Затоа, не се менувајте кога одите во компаниите да работите некаде или да работите за себе, размислете за оваа планина што сте ја искачиле сега."
Јасмина Антиќ-Атанасовски, HR Менаџер, InterWorks Битола